Десетгодишниот Рахул Саху од централна Индија во петокот додека си играл во дворот паднал во бунар, а неговата спасувачка операција траела четири дена.
Бунарот во кој паднал бил длабок 24 метри, а акцијата за спасување била особено тешка со оглед на тоа што момчето имало оштетен слух и говор и морало итно да добие кислород.
За копање на тунелот до бунарот беа употребени машини за ископ на земја и дигалки, а во акцијата помогнаа и државните агенции за катастрофи и вонредни ситуации.
Operation Rahul successful #RahulSahu #PrayForRahul pic.twitter.com/fqg6JXZoQR
— RANJIT MAHAKUD (@RANJITMAHAKUD9) June 14, 2022
На крајот, по 100 часа, Саху беше безбедно спасен благодарение на неуморните напори на спасувачките екипи.
Шефот на локалната администрација на округот, за новинарите изјави дека момчето било „живо, но слабо“ за време на извлекувањето и дека „итно било префрлено во суперспецијална болница“ во блискиот округ.
„Во истиот бунар е видена змија, но момчето покажа пример на храброст и остана смирено за време на операцијата“, додаде тој.