Само пред неколку дена, Шерон Стоун ги изненади сите раскажувајќи ја приказната за нејзиниот наводен конфликт со Мајкл Даглас, а сега „чепна“ уште една холивудска легенда, со која имаше можност да соработува. Тоа е, секако, Роберт Де Ниро, со кого глумеше во хитот „Казино“.
Во разговор за Business Insider, актерката истакна дека со години сакала да соработува со Де Ниро.
„Отсекогаш сакав да соработувам со Боб. Одев на бројни аудиции каде што и тој беше присутен. Мојот сон беше да соработувам со Де Ниро и да го одржам моето ниво“, рече таа. Но, една сцена, како што опишува таа, ги довела до неочекувана тензија.
„Има сцена во филмот каде што седиме еден спроти друг на масата и се расправаме, а тој вели: „Добра глумица си, го знаеш тоа?“ Се сеќавам колку ме изнервира тоа во тој момент, бидејќи сон ми беше да стигнам до таму, а потоа ме предизвика на масата. Помислив: „О, пријателе. Не денес, човече“, рече актерката.
И покрај силните емоции, Стоун го нагласува своето длабоко почитување кон својот колега: „Тој е најголемиот глумец. Знае секое копче што треба да го притисне. Може да ти влезе под кожа и да остане таму.“
Во последниве години, Стоун зборуваше и за мозочниот удар што го доживеа во 2001 година, кој ѝ го наруши животот. Во претходно интервју за „Холивуд репортер“, Стоун откри дека мозочниот удар влијаел на секој аспект од нејзиниот живот во текот на годините. ѝ биле потребни седум години целосно да се опорави.
„Сè се промени“, рече таа. „Сетило за мирис, вид, допир. Не можев да читам неколку години. Работите беа искривени и гледав примероци од бои. Многумина мислеа дека ќе умрам.“