По две години брак, Миа Калифа се разведува

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Поранешната порно актерка Миа Калифа на социјалните мрежи објави дека се разведува од сопругот Роберт Сандберг по две години брак.

„Со сигурност можеме да кажеме дека се обидовме со сè за да успее нашиот брак, но по скоро една година терапија, се разделуваме знаејќи дека ќе имаме еден доживотен пријател еден во друг и дека навистина се обидовме“, започнала таа во објавата.

„Секогаш ќе се сакаме и почитуваме затоа што знаеме дека не беше еден изолиран инцидент што го предизвика нашиот развод, туку кулминација на нерешливи, фундаментални разлики за кои не можеме да се обвинуваме едни со други“, пишува Миа.

„Го затвораме ова поглавје без жалење и двајцата започнуваме одново, разделени, но поврзани преку неверојатно семејство, пријатели и љубов кон нашите кучиња. Ова дојде многу доцна, но среќни сме што си дадовме време и дадовме се од себе и сега можеме да си заминеме знаејќи дека дадовме се од себе“, заклучила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia K. (@miakhalifa)

Миа и Роберт се вереија во март 2019 година, а се венчаа на 10 јуни истата година.

Слични содржини