По една година и 8 месеци судењето за „Тортура“ започна од почеток

од Vladimir Zorba
268 прегледи

По една година и 8 месеци судење случајот „Тортура“ на СЈО во кој обвинет, меѓу другите, е и поранешниот прв човек на единицата „Алфи“ Сашо Мијалков, поради смена на поротник и поради истек на 90 дена, почна од почеток.

Поротникот што поднел оставка е заменет со друг, но во судницата е присутен и дополнителен поротник, рече судијката Александра Ристеска.

Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, на почетокот од судењето рече дека бара да прекине судењето поради тоа што СЈО е неовластен тужител.

Не може јавен обвинител на РМ да воспоставува стварна надлежност врз предметите“, рече Шврговски. Според одбраната, веќе поранешните обвинители во СЈО не се надлежни да го застапуваат предметот зашто сѐ уште во сила е законот за СЈО. – велат од одбарана на Мијалков.

Судијката даде пауза за да одлучи судот.

Во „Тортура“ обвинети, освен Мијалков, се и Ивица Анчевски Пуки и уште петмина припадници на единицата.

СЈО ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори
Адвокатите на Мијалков обвинет за случајот „Тортура“ побараа запирање на кривичната постапка против него и шестмината припадници на алфите обвинети за нечовечкото апсење на Љубе Бошковски пред 8 години.

Поранешните специјални обвинители на Судот посочија дека имаат решенија од државниот обвинител Љубомир Јовески да го застапуваат предметот откако тој прејде во редовното обвинителство. Судот дополнително треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на одбраната.

Слични содржини