По експлозија, повреден е првиот човек на армијата на Луганската народна република

од Stefanija Kuzmanovska

Командантот на народната милиција на самопрогласената Луганската народна република, Јан Лешченко е хоспитализиран со изгореници по експлозија во зграда во Луганск, пренесуваат руските медиуми.

Според прелиминарните информации, Лешченко е надвор од животна опасност.

Истражителите на ЛНР ја отфрлаат верзијата дека станува збор за атентат. Основната верзија е експлозија на гас.

Според очевидци, експлозијата се случила околу полноќ.

Полицијата и припадниците на Министерството за вонредни состојби се на лице место.

Слични содржини