По исклучувањето, единствената нуклеарна централа во Иран продолжи со работа

од Stefanija Kuzmanovska

По итното исклучување, единствената иранска нуклеарна централа Бушер продолжи со работа и „производството на електрична енергија е обновено“, изјави портпаролот на иранското Министерство за енергија, Мостафа Раџаби Машади.

Иранската нуклеарна служба минатата недела соопшти дека инженерите работат на поправка на генераторот, а иранските власти ги обвинија Соединетите држави претходно оваа година дека го спречуваат Иран да набавува резервни делови и опрема за поправка на централата, јави „Танјуг“, повикувајќи се на АП.

Бушер се снабдува со ураниум од Русија, а неговата работа ја надгледува Агенцијата за атомска енергија на ООН.

Изградбата на единствената нуклеарна централа во Иран започна во 1970 година, но централата беше цел на напади уште од Исламската револуција и за време на војната во Иран и Ирак.

Русија подоцна ја заврши изградбата и ја пушти во употреба нуклеарната централа Бушер.

Слични содржини