По Ким, Пит Дејвидсон во врска со Емили Ратајковски

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Поминаа неколку месеци откако комичарот Пит Дејвидсон и Ким Кардашијан раскинаа, а тој веќе има нова девојка – модел.

Според пишувањето на американските медиуми, Пит Дејвидсон е во врска со Емили Ратајковски.

Според „US Weekly“, парот од неодамна е во врска и се оди многу бавно, но „навистина си се допаѓаат“. Очигледно тие се во комуникација веќе неколку месеци, а се запознале преку заеднички пријатели.

Пит, за кој неговата поранешна девојка Аријана Гранде рече дека „има огромен“, вели дека му се допаѓа колку е паметна Емили.

Дејвидсон раскина со Ким Кардашијан во август 2022 година, по осум месеци врска.

Пред Кардашијан, комичарот беше во врска со Аријана Гранде – со која се вери по еден месец врска. Тој беше во врска и со Кејт Бекинсејл, Каја Гербер, ќерката на Синди Крафорд како и со многу други убавици.

Слични содржини