344
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на социјалната мрежа Инстаграм објави дека и тој наскоро ќе влезе во брачните води, а неговата избраничка е Сања. Под фотографијата на
на која ја држи дланката на Сања со вереничкиот прстен, Арсовски напиша: „Доста беше, до вечноста“.
Убавата вест ја сподели и Сања на нејзиниот Инстаграм-профил, која под фотографијата напиша:
„Роденденски подарок за мене или него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“