Во германските трговски центри за мода, потрошувачите можат да очекуваат големи попусти на цените откако ќе се запре локдаунот поради коронавирусот.
„За многу производи ќе има попусти од 80 до 90 проценти, така што задржаната стока сè уште може да се продава“, изјави за „Рајнише пост“, Ролф Пангелс, извршен директор на Федералното здружение на трговци со текстил (БТЕ).
Продажбата на пролетна облека веројатно ќе биде поврзана и со големи попусти.
„Тоа нè оптеретува цела година“, рече Пангелс, осврнувајќи се на ограничувањата и затворањата поради пандемијата на короната.
Ако локдаунот се продолжи понатаму, на крајот ќе има уште повеќе понуди.
Индустриските експерти веќе истакнаа дека може да се очекуваат вистински „битки со попусти“ по повторното отворање на продавниците. Според претходните проценки на БТЕ, половина милијарда непродадени модни производи беа собрани во продавниците до крајот на јануари.
Претежно се работи за зимски производи кои ја губат вредноста од ден на ден, имајќи предвид дека доаѓа пролет.