По месец дена потрага: Пронајдено телото на „белгискиот Рамбо“

од Nikola Popovski
357 прегледи

Белгиската полиција соопшти дека е пронајдено телото на екс-војникот во бегство Јирген Конингс, по кого е покрената голема потрага.

Стотици припадници на безбедносните сили по исчезнувањето на Конинг, кој му се закануваше на главниот виролог Марк Ван Ранст, ја пребаруваа областа на северо-истокот од Белгија.

Телото го пронашле луѓе кои шетале во шумата недалеку од градот Дилсен-Стокем. Според првичните резултати од истрагата, Конингс извршил самоубиство.

Конингс (46) скрил лансери за противтенковски ракети и друго тешко вооружување во воената касарна, по што исчезнал. Тој во последните неколку месеци им се закани на неколку лица, вклучувајќи го и Ван Ранст.

Тој беше во војска три децении и беше снајперист пред да започне да дава расистички коментари и закани на социјалната мрежа Фејсбук.

Слични содржини