По намалувањето на цената, Tesla испорача рекорден број автомобили

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Производителот на електрични возила Tesla во неделата објави дека испорачале рекордни 466.000 возила во вториот квартал од оваа година, додека произведе речиси 480.000, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Повеќето од седанот Model 3 и кросоверот Model Y беа произведени и испорачани, со 460.211 произведени и 446.915 испорачани. Покрај тоа, Tesla произведе 19.489 од поскапите Model X и Model S, а испорача 19.225 од нив.

Аналитичарот на Wedbush Securities, Ден Ајвс, го нарече „трофеј квартал“ за компанијата. Постигната е рекордна испорака на возила, но тоа беше очекувано, додаде тој, наведувајќи дека Вол Стрит прогнозирал испорака на околу 447.000 возила.

Во април оваа година, Tesla ги намали цените на своите возила по петти пат од јануари, намалувајќи ги трошоците меѓу 2 и речиси 6 отсто.

„Намалувањата на цените од почетокот на 2023 година беа голема исплата за Елон Маск и компанијата, бидејќи се чини дека побарувачката останува многу силна и ефикасноста на производството овозможи масивни испораки“, рече Ајвс.

Овие бројки се значително повисоки во однос на истиот период минатата година. Во вториот квартал од 2022 година, имено, Tesla пријави 254.695 испорачани и 258.580 произведени возила. Меѓутоа, во првиот квартал од 2023 година, Tesla произведе околу 441.000 возила и испорача околу 423.000.

Оваа година Tesla има за цел да испорача вкупно 1,8 милиони возила.

Слични содржини