Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 221, Прилеп и Кавадарци – по 31, Охрид – 24, Велес – 23, Куманово – 20, Тетово – 12, Битола – 11, Делчево – 9, Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 8, Крива Паланка – 7, Гостивар и Кичево – по 6, Штип, Струга, Пробиштип и Крушево – по 5, Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово – по 2, Македонски Брод, Дебар и Дојран – по 1.
Регистрирани се 407 оздравени пациенти од:
Скопје – 176, Охрид – 36, Тетово – 29, Куманово – 22, Струга – 19, Велес – 18, Гостивар – 15, Кичево – 12, Струмица – 11, Дебар – 10, Битола и Кавадарци – по 7, Штип и Гевгелија – по 6, Берово – 5, Кратово – 4, Кочани, Свети Николе, Ресен и Пробиштип – по 3, Прилеп, Неготино, Крива Паланка и Виница – по 2, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (53г, 67г, 68г, 74г), и по еден смртен случај од Прилеп (68г), Велес (75г), Охрид (72г), Струмица (81г), Кочани (63г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направените 2863 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-87, Авицена-240, Биотек-241, Жан Митрев (Филип Втори)-268, Систина-186, лабораторија Лаор–144, МАНУ-145, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-38, Ремедика-31, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 890, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 474.280 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546.