По неколку часа минати во полициска станица, пратеникот на „Самоопределување“ Албин Курти е ослободен. Веднаш по излегувањето, им се обрати на луѓето кои протестираа за негово ослободување, а притоа дојде и до судир со полицијата.
Курти раскажа за неговот апсење.
“Вечерва околу 21:00 кај селото Чаглавица автомобилот во кој се возев заедно со уште неколку луѓе, го запре полиција со образлжение дека има распишано потерница за мене. Но, полицијата не ми даде никаков документ. Бидејќи ние не сакавме да излеземе надвор од автомобилот без да ни дадат налог за апсење, присилно ме однесоа и рекоа дека налогот за апсење ќе ми биде покажен на увид во полициска станица. Дојде и јавен обвинител, но бидејќи немаше никакви документи, немаше основа да ме држат во станица. Ова е класично самоволие. Ова покажува колку е полицијата политизирана “, рече Курти,пренесуваат косовските медиуми