291
Канадскиот премиер Џастин Трудо, по ненајавената посета на Киев во неделата, најави дека во Украина ќе биде испратено ново оружје и воена опрема.
По разговорите со украинскиот претседател Владимир Зеленски, Трудо им рече на новинарите дека Канада, исто така, ќе воведе нови санкции за руски поединци и компании поради рускиот напад врз Украина, објави „Ројтерс“.
Тој додаде дека Канада повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев.