По несреќата кај „Струма“: Итен увид на знаците и ознаките на патиштата во Бугарија

од Берта Китинска
167 прегледи

Министерството за регионален развој и јавни работи и Државната агенција за безбедност на патиштата во Бугарија започнаа со итен увид на знаците и коловозните ленти на автопатиштата во Бугарија.

Причина е тешката катастрофа на автопатот Струма со 44 загинати лица, пишува БНТ.

Во увидот ќе бидат вклучени бугарски и меѓународни експерти, како и претставници на невладини организации.

Претходно денеска беше соопштено дека е пуштен сообраќајот од патната клучка „Старо Село“. Сообраќајот од клучката за Бошнек до „Старо село“ на автопатот се одвива во двата правца во коловозната лента во правец кон Софија.