По објавата на Ванда, ПСЖ му дозволи на Икарди да го прескокне тренингот

од Vladimir Zorba

Водечкиот во француската Лига 1, ПСЖ, во неделата објави дека аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди го пропуштил тренингот поради „семејни причини“.

Соопштението дојде откако сопругата и менаџерот на Икарди, Ванда Нара, во саботата објави порака на Инстаграм, од која може да се прочита како завршил нивниот брак.
Француските медиуми шпекулираат дека Икарди имал афера со аргентинската актерка Чина Суарез.

Ванда со објава на Инстаграм го обвини неговиот сопруг за изневерување. Таа напиша: „Уште едно семејство што го уништи поради ку*ва“.

Икарди и Ванда се заедно веќе седум години и имаат две деца. Врската започна откако Ванда го напушти пријателот на Икарди и поранешен соиграч Макси Лопез.

Слични содржини