237
Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ објави дека неговиот извршен директор Вагит Алекперов ја напушта компанијата што ја основаше и ја претвори во еден од најголемите светски производители на енергија.
Во претходниот период, од почетокот на конфликтот во Украина, Алекперов загуби 3,5 милијарди долари, додека акциите на компанијата паднаа за 19%.
Алекперов, кој важи за четврти најбогат Русин, се противи на руската инвазија на Украина.
Велика Британија неодамна објави дека Алекперов е ставен на листата на санкции поради руската војна во Украина.
Алекперов беше прв човек на Лукоил од 1993 година, која е една од најголемите нафтени компании во Русија и произведува 2% од светското производство на нафта.