(видео) По осум години: Курти нареди да му се врати земјиштето на манастирот Високи Дечани

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, веднаш ја коментираше одлуката на владата на Косово, нарекувајжи ја „ многу тешка, но и важна“.

од Бети Божиноска
373 прегледи

Владата на Косово денеска ѝ наложи на косовската Агенција за катастар да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за земјиштето на манастирот Високи Дечани, речиси осум години по нејзиното донесување, потврди косовскиот премиер Албин Курти, пренесува „Репортери“.

Кури го изјави ова на состанокот на неговиот кабинет и додаде дека на Приштина ѝ станало јасно дека мора да избере меѓу две опции – да ја спроведе одлуката на Уставниот суд или прашањето на Приштина за членството во Советот на Европа да биде тргнато од дневниот ред.

„По многуте средби, посети и комуникации ни стана јасно дека некои од бројните услови кои ни беа дадени за членство во Советот на Европа се исполнети, а некои беа наведени како проблеми. Но, останува еден услов кој нема да исчезне, а тоа е спроведување на одлуката на Уставниот суд во случајот со манастирот Високи Дечани“, рече Курти и додаде дека државите од Квинтата јасно му ставиле до знаење дека мора да избере меѓу двете опции.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, веднаш ја коментираше одлуката на владата на Косово, нарекувајжи ја „ многу тешка, но и важна“.

„Сакам да напоменам колку е важна денешната одлука за манастирот. Тоа беше тешка, но неопходна одлука и им благодариме на институциите за целата нивна соработка“, изјави Ескобар по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи.

Од манастирот Високи Дечани во куса изјава за „КоССев“ истакнаа дека ќе коментираат дури кога ќе го добијат имотниот лист за сопственост на 24 хектари земјиште на кое се однесува пресудата на Уставниот суд. Оттаму посочија дека никој од косовските институции не контактирал со нив во врска со извршувањето на одлуката на косовскиот Уставен суд.

Оттаму нагласија дека очекуваат косовските институции конечно да си ја завршат работата согласно законот и да го запишат земјиштето во катастар и да му издадат на манастирот уреден имотен лист.

Иако одлуката за пренос на земјиштето постои повеќе од осумк години, а беше донесена по 16 годишен судски процес, косовските централни власти не само што не бараа од локалните власти да си ја исполнат обврската, туку и јавно го искажуваа своето несогласување со одлуката, доведувајќи го во прашање нејзиниот легитимитет и наведувајќи дека „земјиштето му било доделена на манастирот за време на режимот на Милошевиќ.

 

Слични содржини