По откажување на концертот: Мадона со 36-години помладото момче во едната и бастунот во другата рака

325 прегледи

Мадона моментано е на својата турнеја под името Madame X, а поради повреда на коленото движењето ѝ е многу ограничено. Поп-ѕвездата во неделата поради повреда мораше да го откаже концертот во Париз.

62-годишната кралица на поп музиката преку се оди со крената глава, а по откажување на концертот храбро излезе меѓу луѓето, пишува Daily Mail. Нејзиното 25-годишно момче Ахламалик Вилијамс ѝ помогнал да излезе од арената во која требало да настапи, но главата ја држел наведната.

View this post on Instagram

Here I Am——Flesh and Blood 🩸 If only knees didn’t twist and cartilage didn’t tear and nothing hurt and tears never fell out of our eyes………But alas they do and Thank God for this important reminder that we are human. I Fell 2 nights ago on stage when a chair was literally pulled out from underneath me by mistake and I landed on the floor on my tail bone. I made it thru the show last night but just barely because I hate disappointing. However today even I can see that this broken doll held together with tape and glue, needs to stay in bed and rest for a few days so she can finish the tour with a smile on her face and in one piece. ❌ Thank You for your understanding Paris! 🇫🇷 🙏🏼 #madamextheatre

A post shared by Madonna (@madonna) on

Од друга страна, Мадона, изгледала сензационално во својата црна Версаче наметка со златни детали и црни чизми, но за да оди полесно, се придржуваше на бастунот.

Пејачката ја „заработи“ повредата откако падна од столче за време на изведување на песната Vogue на настапот во Париз.

Светската турнеја Madame X, Мадона ја започна во септември минатата година во Њујорк, а требало да заврши на 11 март во Париз.

Пејачката поради повредата откажа 14 настап, а истакна дека се смета себе си како војник кој никогаш не се откажува. Секојдневно мора да направи шест часа терапија, а неодамна рекла дека е вистинско чудо што успеала да издржи волку со оглед на болките.

Слични содржини