По Пеле, и Ромарио заврши на операција

од Vladimir Zorba
287 прегледи

На операциска маса заврши уште една бразилска фудбалска легенда, 55-годишниот Ромарио.

Откако во изминатите денови стигнаа вести од Бразил за 80-годишниот Пеле, на кого му беше отстранет тумор од дебелото црево, новите вести велат дека Ромарио, на кого му го извадиле жолчното кесе, исто така, бил опериран во четвртокот.

Ромарио беше опериран во болницата Копа Стар во Рио де Жанеиро, и официјално беше објавено, како што пренесе АФП, дека операцијата поминала без никакви проблеми. Тој треба да ја напушти болницата по неколку дена.

Ромарио беше најголемата sвезда на бразилската репрезентација, која ја освои светската титула во 1994 година во САД. Во финалето, Бразил потоа ја победи Италија (по пенали), а Ромарио беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

По фудбалската кариера (во Европа остави најдлабока трага играјќи за ПСВ Ајндховен и Барселона) Ромарио се испроба во политиката, каде што имаше многу успеси. Тој беше избран за претставник на листата на Бразилската социјалистичка партија.

Потоа стана сенатор, но, на пример, неуспешно се кандидираше за гувернер на државата Рио де Жанеиро.

Слични содржини