Новиот претседател на САД, 46-ти по ред, Џо Бајден, доби 290 изборни гласови, објави „Фокс Њуз“.
По Пенсилванија, што му донесе 20 изборни гласови, следуваа победи во уште две клучни држави – Невада и Аризона.
Бидејќи Невада му донесе уште шест изборни гласови и Аризона со 11 гласачки гласови, Бајден стигна до 290 изборни гласови.
Од друга страна, Доналд Трамп остана на 214 гласа, а гласовите во Северна Каролина, Џорџија и Алјаска сè уште не се преброени.
Демократската партија ќе ја задржи контролата во Претставничкиот дом, но најверојатно со помало мнозинство, откако некои од нивните претходни кандидати загубија, а противниците не успеаја да ги освојат најдобрите целни места во Домот, објави Си-Ен-Ен
Иако демократите го задржаа мнозинството во Претставничкиот дом и нивниот кандидат Џо Бајден победи на изборите, републиканците, од друга страна, ќе ја задржат контролата врз Сенатот и мнозинството во Врховниот суд.