По петгодишна врска: Тајра Банкс сега е сама

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Актерката, пејачка, ТВ водителка, продуцентка и поранешнаата супермодел Тајра Банкс се разделила со својот пријател, норвешкиот фотограф Ерик Аслан. Нивната врска преживеа едвај пет години, објави Контактмјузик.

Извор, цитиран од Пејџ Сикс за Њујорк пост, открива дека 43-годишната Банкс и долгогодишниот нејзин партнер се разделиле без непотребни драми, ја задржале почитта меѓу себе и ќе продолжат да се грижат заедно за 21-месечен син Јорк, роден во јануари минатата година од сурогат мајка.

Иако се разделија, Тајра Банкс и Ерик Аслан продолжуваат со заедничката работа над претстојната сезона на риалити шоуто Следниот топ-модел на Америка.