По Плутон „Нови хоризонти“ на НАСА се насочува кон нова цел

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Вселенското летало на НАСА “Нови хоризонти”, чија цел беше да go сними Плутон, веќе има нова цел. Таа се вика 2014 MU69 и е еден од двата кометоподобни објектa, кои биле разгледувани од научниците кои работат на мисијата до планетата џуџе.4373708

Сега американската вселенска агенција ќе треба да гo разгледа планот пред официјално да ja  продолжи мисијата, пишува БиБиСи. Во јули оваа година “Нови хоризонти” мина на 12 500 км. од Плутон, снимајќи ги најдеталните слики од планетата до сега. Тој собра слики и податоци и за петте месечини на Плутон – Харон, Стикс, Никта, Цербер и Хидра.

Новата цел на апаратот се наоѓа на милијарда и пол километри подалеку од планетата џуџе. Објектот личи на комета, и е широк 45 километри,а  се претпоставува дека е еден од блоковите, од кои се составени поголеми небесни објекти како Плутон. Слични предмети во надворешниот дел на Сончевиот систем формираат т.н. појас на Кајпер кој содржи подлабоко замрзнати делови од она што го претставувал нашиот вселенски сосед пред 4,6 милијардиг одини.

“Очекуваме да биде многу поевтино од основната мисија, додека во исто време уште обезбедуваме нови и возбудливи знаења”, рече Џон Грнсфелд, претседател на директориумот на НАСА за научни мисии.

Според истражувачите “Нови хоризонти” може да работи мирно до 2020 година и дури и потоа.