По победата на суд, Џони Деп повторно направи потег кој воодушеви многумина (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
413 прегледи

Откако победи на суд, актерот Џони Деп е фотографиран во прифатилиште за животни во Велика Британија. На Фејсбук страницата „Folly Wildlife Rescue“ е објавена фотографија од актерот кој ги посетил животните во прифатилиштето со гитаристот Џеф Бек.

На фотографијата Деп во рацете држи напуштен јазовец.

– Погодете кој не посети. Не, не си замислувате, тоа е навистина Џони Деп. Како што веројатно знаете, Џони Деп е на турнеја низ Велика Британија со Џеф Бек, а неодамна сопругата на Бек, Сандра, го донесе да не посети и самиот да се увери во работата што ја работиме со дивите животни – се наведува на почетокот на објавата.

– Какво неверојатно попладне за нашиот персонал и волонтерите. Џони ги посети болничките единици и ветеринарите. Давал комплименти и, како што самиот рекол, бил воодушевен од тоа што го видел. Покрај самата посета, му дозволивме накратко да го држи Фреди, едно од многуте младенчиња јазовец – стои во соопштението.

Слични содржини