По поголемиот број светски ѕвезди и политичари, принцот Хари наседнал на руските измамници и се јавил на телефон и се зборувал за Мегзит, за Доналд Трамп и светските водачи, како и состојбата на семејството. Тој мислел дека зборува со Грета Тунберг, активистката за заштита на околината, но всушност тоа биле руските пранкстери Владимир Кузнецов Вован и Алексеј Стојларов Лексус, и содржината на разговорот јавно ја објавиле, пишува Daily Mail, а пренесува 24sata.hr.
Русите тврдат дека двапати разговарале со Хари преку фиксна линија во неговиот дом на островот Ванкувер во Канада. Го убедиле дека зборува со Грета и со нејзиниот татко Свен Тунберг, а како што тврдат, разговорите се одвивале на 14 јануари и на 22 февруари.
Едниот од разговорите го објавиле во понеделникот вечерта на Јутјуб и на Фејсбук, но истиот набргу бил тргнат. На социјалните мрежи кружат исечоци од разговорот на кои се слуша глас сличен на Хари.
Во разговорот Хари рекол дека Доналд Трамп има „крв на рацете“, поради неговите ставови за климатските промени, британскиот политички систем го нарекол „скршен“ и признал дека е целосно одвоен од остатокот на кралското семејство.
„Можете да бидете сигурни дека бракот со принц или со принцеза не е како што изгледа. Има многу слоеви и многу делови од сложувалката. Понекогаш правилната одлука не е најлесната, но тоа беше вистинската одлука за нашето семејство, вистинска за да го заштитиме нашиот син. Мислам дека има многу луѓе ширум светот што ќе се поистоветат со нас и ќе не почитуваат што го ставаме семејството на прво место“, изјавил Хари за Мегзит.
„Не верувајте во се што ќе слушнете, никој не ни ги земал титулите. Технички сме семејство, но ако заработуваме пари одвоено од семејната структура, логично е што бараа да не ги користиме титулите за да заработуваме, што никогаш и не би го направиле“, рекол Хари.
Го коментирал и пријателството со принцот Ендрју, како и со педофилот Џефри Епстајн.
„Што и да направил или не направил, нема врска со мене и со жена ми. Ние се фокусираме на заедницата и целосно сме одвоени од поголемиот дел од мојата фамилија, открил Хари.
Портпаролот на Хари одбил да го коментира телефонскиот разговор.
https://www.youtube.com/watch?v=bg6N0DnDm-I