По посетата на Северна Кореја, Путин пристигна во Виетнам

од Milan1
289 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва пристигна во официјална посета на Виетнам, откако денеска во Пјонгјанг потпиша договор за стратешко партнерство со севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун.

Путин во Ханој ќе разговара со претседателот на Виетнам, со генералниот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија, со премиерот и со претседателот на Националното собрание, пренесе Тас.

Ова е петто патување на Путин во Виетнам, по посетите во 2001, 2006, 2013 и 2017 година.

Во интервју за официјалниот весник на Комунистичката партија, Путин рече дека Советскиот Сојуз дал голема помош во херојската борба на виетнамскиот народ против странските освојувачи, додавајќи дека по победата и целосното ослободување на земјата од окупаторите, советските градители , инженери, лекари, наставници и научници му помогнаа на Виетнам во обновувањето на земјата.

Слични содржини