Познатата колумбиска пејачка Шакира уживаше со своите синови Милан (9) и Саша (7). Таа и нејзините синови уживаа на прекрасната мексиканска плажа Кабо Сан Лукас каде се засолни од постојаното медиумско внимание кое дополнително се засили по пропаѓањето на нејзината романса со познатиот фудбалер Жерар Пике.
Додека момците си играа во песокот и трчаа по плажата под будното око на нивната мајка, Шакира блескаше во симпатичен комплет во боја на лаванда.
Нејзините затегнати нозе беа видливи под кратките шорцеви додека горе носеше интересен топ во проѕирен горен дел од костим за капење кој беше украсен со реси.
[source: @DailyMailCeleb] pic.twitter.com/52C6Vwn335
— . (@shakirastuffvid) July 26, 2022
Иако цврсто зачекори во 5-та деценија од животот, пејачката сепак изгледа одлично, а на нејзината витка линија би ѝ позавиделе многу помлади девојки.