По разводот кој го следеше целиот свет, Амбер Херд се посвети на кариерата (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Актерката Амбер Херд неодамна беше снимена откако на поранешниот сопруг Џони Деп му плати милион долари, кои му ги должеше по еден од најскандалозните разводи.

Амбер беше фотографирана од папараците во Мадрид, каде што се пресели со својата ќерка, а забележливо беше дека е расположена.

Цело време беше насмеана, што не сме навикнати да ја гледаме, со оглед на тоа дека судските спорови, кои ги следеа луѓето ширум светот, често беа придружени со нејзините солзи и изливи на емоции.

Таа неодамна го потврди своето враќање на филмското платно, а беше најавено дека ќе се појави на 69-иот Филмски фестивал во Таормина на Сицилија. Ова ќе биде нејзино прво појавување на медиумски настан откако го загуби судскиот спор од Џони Деп.

Амбер најави дека не планира да ја прекине кариерата откако се пресели од Америка во Шпанија, а на 24 јуни ќе го промовира новиот филм „On Fire“. Според Deadline, актерката ќе се појави со режисерот на филмот Колин Алин и нејзиниот колега Едуардо Нориега.

И нејзиниот поранешен сопруг успешно се врати на својата актерска кариера, а присуствуваше и на Канскиот филмски фестивал, каде обожавателите на Деп му дадоа седумминутен аплауз за неговата изведба во биографскиот филм „Jeanne Du Barry“.

Слични содржини