По реакцијата, ДИЖС го достави Планот и најави вработувања на нови инспектори

300 прегледи

Владата донесе одлука, Министерството за финансии со највисок приоритет да одобри вработувања на нови инспектори, по што Државниот инспекторат за животна средина го достави Планот за вработување за 2021. година.

„Побарано е одобрување да се вработат девет инспектори за животна средина, двајца водостопански инспектори и еден инспектор за заштита на природата, односно, би се вработиле вкупно 12 инспектори, со што би се покриле сите региони, вклучително и тие кои до сега немаа на располагање ниту еден инспектор“, информираше ДИЖС.

Инаку, како што посочуваат, Планот за вработување треба да биде одобрен од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Слични содржини