По речиси два месеци, конечно беше откриена причината за смртта на Метју Пери

од Vladimir Zorba
418 прегледи

Беа потребни речиси два месеци за да стигне официјалниот извештај за смртта на холивудскиот актер Метју Пери. Портпаролот на судскиот совет, исто така, објави официјална изјава во која ја наведува точната причина:

„Одделот за медицински преглед во округот Лос Анџелес (DME) утврди дека причината за смртта на 54-годишниот актер Метју Лангфорд Пери е акутното дејство на кетаминот. Фактори кои придонесуваат за смртта на г-дин Пери вклучуваат давење, коронарна артериска болест и ефектите на бупренорфинот“.

Токму поради овие резултати, смртта на омилениот Чендлер Бинг од „Пријатели“ се смета за несреќен случај. Обдукцијата известува дека „нема знаци на траума или сомневање за злодело“.

Иако не се откриени детали за употребата на дрога, некои странски медиуми пишуваат дека Пери пред смртта бил подложен на инфузиона терапија со кетамин за депресија и анксиозност.

Да потсетиме, Метју Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес на 28 октомври, а неговата смрт растажи милиони негови обожаватели ширум светот, но и бројни колеги од Холивуд, а особено „неговите пријатели“.

Слични содржини