По Русија, и Турција го блокираше пристапот до апликацијата за пораки „Discord“

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Турција донесе одлука да го блокира пристапот до американската платформа (апликација) за комуникација „Discord“ за да ја заштити својата младина, соопштија властите.

Турската управа за информатички и комуникациски технологии (БТК) на својата веб-страница објави дека постапува по одлуката на судот во Анкара.

„Ние сме решени да ги заштитиме нашите млади и нашите деца од штетни и криминални публикации на социјалните мрежи и на Интернет“, објасни турскиот министер за правда Јилмаз Тунч.

Discord е многу популарен меѓу ентузијастите на видео игрите, а многу компании го користат за интерни пораки. Платформата, исто така, стана алтернатива за оние кои се разочарани од Facebook или X (поранешен Twitter).

Одлуката за блокирање на социјалната платформа дојде откако на неа беше откриена содржина која наводно го поддржува злосторството што ја шокираше нацијата.

Имено, деветнаесетгодишен маж уби две жени, што предизвика негодување во јавноста, особено откако одредени корисници на Discord го величеа тоа злосторство.

Во август Турција го забрани пристапот до платформата за видео игри Roblox, велејќи дека нејзината содржина е штетна за децата. Само неколку дена пред тоа, таа ја блокираше и социјалната мрежа Instagram, но пристапот до платформата беше вратен по девет дена.

Русија вчера соопшти дека ја забранила популарната платформа „Discord“, велејќи дека корисниците ја користат „за терористички и екстремистички цели“.

Слични содржини