Канадски поморски патролен брод влезе во пристаништето Хавана само неколку часа откако Вашингтон соопшти дека американска подморница се закотвила во американската поморска база во заливот Гвантанамо на Куба и откако руски воени бродови пристигнаа на Куба претходно оваа недела.
Канадскиот патролен брод „Маргарет Брук“ започна со маневри за влез во пристаништето Хавана во петокот, како дел од, како што ја нарече канадската заедничка оперативна команда „посета на пристаништето како признание за долгогодишните билатерални односи меѓу Канада и Куба“. пренесува Ројтерс.
Неименуваниот канадски дипломат пристигнувањето на бродот го оцени како „рутинско и дел од долгогодишната соработка меѓу земјите“, додавајќи дека тоа не е поврзано со присуството на руски бродови.