По серијата крвави напади, во Хамбург се забранува носење нож во јавниот превоз

од Milan1
20 прегледи

Хамбург стана првата германска сојузна покраина која воведе забрана за носење оружје во јавниот превоз како резултат на низата напади со нож во последните месеци.

„Хамбург е првата сојузна покраина што ги искористи опциите за забрана од неодамна усвоениот безбедносен пакет на федералната влада“, рече Енди Грот, државниот сенатор за внатрешни работи на сојузната држава – градот Хамбург. Забраната се однесува на сите видови оружје, вклучително и ножеви, а ќе стапи на сила следната недела пред празниците.

Германската влада неодамна одобри пакет безбедносни мерки што ќе им овозможи на сојузните држави, кои се одговорни за јавниот транспорт, да забранат оружје во јавниот превоз.

Безбедносниот пакет беше усвоен по неколку напади со нож во јавниот простор и јавниот превоз, од кои јавноста најмногу ја шокираше масакрот на градската прослава во Солинген, кога сириски екстремен исламист со нож избоде тројца случајни минувачи.

Во мај оваа година, авганистански екстремист уби полицаец во Манхајм. На почетокот на минатата година, Палестинец со нож уби двајца тинејџери во локален воз во близина на Хамбург.

Слични содржини