Пo скандалот: Град Скопје го раскина договорот со Прв извиднички одред

од Берта Китинска
601 прегледи

Град Скопје се оградува од активностите на Првиот скопски извиднички одред кои предизвикаа реакции во јавноста.

-Сакаме да информираме дека во проектната документација доставена до нас, ја нема наведено спорната активност ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата. Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред.Ја споделуваме загриженоста и осудите од страна на стручните лица и општата јавност и се согласуваме дека сексуалното образование не може да се спроведува од ентузијасти туку исклучиво од професионалци во областа, пишува во соопштението од Град Скопје.

Обвинителството и полицијата истеражуваат, што точно се склучувало минатиот вилкенд во извидничкиот камп и кои биле лицата кои под превезот на сексуална едукација барале од учесниците, шестанесет годишни деца да глумат секс пози, да одговараат на прашања од типот на број на сексуални партнери, да симулираат секс и да се соблекуваат.

Слични содржини