По смртта на трудница, Полска издаде ново упатство за абортус: Легален е кога жената е во опасност

од Берта Китинска
569 прегледи

Полското Министерство за здравство денеска издаде упатство до лекарите со кое се потврдува дека е легално да се прекине бременоста кога здравјето или животот на жената е во опасност.

Треба јасно да се нагласи дека лекарите не смеат да се плашат да донесат очигледни одлуки кои произлегуваат од нивното искуство и достапното медицинско знаење, наведува Министерството, пренесе АП. Документот испратен до акушерите е реакција на смртта на 30-годишна мајка која имала здравствени проблеми во 22-та недела од бременоста. Жената почина во септември, но нејзината смрт стана надалеку позната овој месец.

Лекарите во болницата во јужна Полска одбиле да ја прекинат бременоста на жената и покрај фактот што нејзиниот фетус немал доволно плодова вода за да преживее, соопшти нејзиното семејство и адвокатот.Лекарите се суспендирани, а случајот се истражува. Револтираните Полјаци изминатиот викенд организираа масовни протести низ целата земја, обвинувајќи го рестриктивниот закон за абортус во Полска за смртта на жената.