Блокирањето на работата на косовскиот парламент од опозицијата, со фрлање солзавец во собраниската сала, била причина американскиот амбасадор Грег Делави да се сретне со косовската претседателка Атифете Јахјага.

kosovski-parlament(1)

Американскиот дипломат апелирал до сите политички сили да ја вратат нормалната работа на Парламентот, за да се усвојат предлог-законите кои ќе им помогнат на граѓаните на Косово да ги реализираат нивните цели. „Јас верувам дека парламентот е место за дискусија, дебата каде може да има и несогласувања, но сум убеден дека Парламентот не е место за оружје, насилство и опструкции“, изјави Делави.

Слични содржини