По средбата со Путин, Бајден сам ќе држи прес-конференција

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден самиот ќе одржи прес-конференција по состанокот со неговиот руски колега Владимир Путин.

Првата средба меѓу Бајден и Путин ќе се одржи во Женева на 16 јуни. Белата куќа објави дека американскиот претседател ќе инсистира да зборува за нападите што доаѓаат од Русија, агресијата против Украина, но и притворениот опозиционер Алексеј Навални.

Официјален претставник на Белата куќа рече дека се очекува „искрена и продуктивна“ средба.

„Независна прес-конференција е соодветен начин за директно комуницирање со слободниот печат за прашања што ќе бидат споменати на состанокот“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Да потсетиме, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се состана со Путин во јули 2018 година, по што заеднички ја информираа јавноста за темите на состанокот. Бајден сега одлучи да ја заврши практиката, што е начин да му покаже на Путин дека нема да прави компромис, сметаат многумина.

Рускиот претседател вчера изјави дека односите меѓу двете земји не биле на толку лошо ниво подолго време и изрази надеж дека соработката со Бајден ќе доведе до промена.

Слични содржини