По средбата со Путин, полскиот претседател го откажа состанокот со Орбан

Во соопштението на полскиот државен секретар Марчин Пжидач директно се наведува посетата на Орбан на Москва и неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин како причина за овој потег.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Полскиот претседател Карол Навроцки одлучи да ја „ограничи“ својата посета на Унгарија, односно да ја откаже планираната средба со премиерот Виктор Орбан, објави неговиот кабинет.

Во соопштението на полскиот државен секретар Марчин Пжидач директно се наведува посетата на Орбан на Москва и неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин како причина за овој потег.

„Повикувајќи се во својата политика на наследството на претседателот Лех Качински, кој нагласи дека безбедноста на Европа зависи од заедничко дејствување, вклучително и во областа на енергетиката, во врска со посетата на премиерот Орбан на Москва и нејзиниот контекст, претседателот Навроцки одлучи да ја ограничи програмата на својата посета на Унгарија исклучиво на самитот на претседателите на Вишеградската група во Острог“, објави Пжидач на X.

Иако Навроцки е политичар од десницата на политичкиот спектар и од кого Орбан очекуваше поддршка, сепак стана јасно дека, барем кога станува збор за поддршка на Украина, унгарскиот премиер не може да очекува поддршка од Варшава.

Кога Навроцки победи на претседателските избори, Орбан и неговиот словачки сојузник Роберт Фицо очекуваа нивниот десничарски и проруски табор во рамките на Вишеградската група да биде посилен, но тоа не се случи.