297
Повеќе од 1.000 јапонски спасувачи ги пребаруваат куќите и закопаните патишта два дена по свлечиштето во крајбрежниот град Атами во лоши временски услови и трагаат по околу 80 исчезнати лица.
Најмалку три лица загинаа во овој град по силниот дожд викендов. За само 24 часа имаше повеќе врнежи од просекот за целиот јули. Се појавија одрони, а реки од кал и карпи ги преплавија улиците.
На почетокот на операцијата, имаше 113 исчезнати во Атами, град со скоро 36.000 жители, 90 километри југозападно од Токио.
До пладне по локално време, бројот на исчезнати се намали на околу 80, објави новинската агенција Кјодо.