По телефинскиот разговор со Хан, Ахмети се сретна со белгиската амбасадорка

од desk3
72 прегледи

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорката на Белгија Аник Ван Калстер.

1459941867-1418383459-photo
Како што соопшти партијата, Ахмети и белгиската амбасадорка разговараа околу политичката криза, Договорот од Пржино, евроатланската интеграција, како и меѓуетничките односи. Ја запознал амбасадорката за напредокот на развојот во земјата велејќи дека главните столбови на Договорот се имплементирани и побара максимална посветеност од политичките партии за поддршка на ДИК во подготовка на изборите на 5 јуни.

– Слободни, демократски и веродостојни избори се почеток на решавање на кризата и спроведување на системските реформи, на што ДУИ упорно ќе инсистира, стои во соопштението во кое се додава дека изборите ќе го деблокираат интегративниот процес и ќе донесат стабилност и безбедност.

Хан му се јавил на Ахмети, интегративецот му кажал дека е подготвен за спроведување на Договорот

Ахмети ја запознал Ван Калстер и за, како што се наведува во соопштението, „мрачните цели од центри кои се обидуваат да поттикнат ирационални постапки на ДУИ врз Договорот во Скопје, но овие фалсификати на граѓаните им се јасни, додека другите политички партии не треба да бидат дел од овие сценарија“.

Ахмети изрази сочувство на белгиската амбасадорка за жртвите од терористичкиот напад во Брисел./МИА