Партијата Демократска обнова на Македонија е отворена за соработка при изготвувањето на предлог за измени на Изборниот законик, соопштуваат од партијата, откако ператеникот Павле Трајанов обелодени дека подготвува иницијатива проект за една изборна единица за цела Македонија за наредните избори.

Ставот на ДОМ во поглед на изборниот модел со една изборна единица се совпаѓа со оној на Демократскиот сојуз, а предлагаат Изборниот законик и да се дополни и со одредба за 50% жени и мажи на листите.
– Ова е главна поента на кампањата на Форумот на жени на ДОМ, започната на 8 март годинава. Истовремено, ова е и заложба на Обединетите нации, како препорака до сите земји, за да се постигне родова рамноправност, соопштува ДОМ.
Што се однесува до една изборна единица, се вели во соопштението до медиумите, има повеќе аргументи, а пред се демократизација на општеството.
Тоа значи поправедна распределба на пратеничките места на повеќе политички субјекти, без изгубени гласови.
– Тоа води до пошаренолика политичка сцена и намалување на длабокиот јаз помеѓу двете најголеми опции. Владите што би се формирале би биле похетерогени, со поголема демократичност, толеранција и слух за потребите на различни општествени групи, забележува Демократската обнова на Македонија.
Според партијата, отворените листи значат слобода на избор на граѓаните при гласањето, зашто ќе се цени и личноста, а не само партијата, што пак ќе придонесе за демократизирање на самите партии и поголема одговорност на избраните кандидати пред граѓаните.
Аналитилчарите од друга страна пак коментираат дека сето ова, иако не е обелоденето докрај, може да личи на подготвување терен на отцепување на колиционите партнери на ВМРО ДПНЕ , поради евидентните принцпиелни разидувања и злоупотреби во колициското партнерство. Тоа е и сосем логично затоа што подолго време има сериозни разидувања со практицирањето на политиката и демократријата од владеаќката ВМРО ДПМНЕ, која на помалите колициони партнери им обрнува внима ние само на денот на гласањето, а потоа си води иклулчиво само своја политика за која одговорноста на помалите партии во колицијата е никаква.