По три неуспешни брака, Дру Баримор веќе нема да се мажи

од Vladimir Zorba

Актерката Дру Баримор, која зад себе има три неуспешни бракови, дошла до заклучок дека повеќе нема да се омажи.

„Никогаш, никогаш, никогаш, никогаш повеќе нема да се мажам. Знам дека не е паметно да се каже, но сигурна сум во тоа. Ова е крај“, изјави таа за списанието „Пипл“.

„Никогаш повеќе не сакам да бидам врзана за никого. Кога ќе се откажете, сè е сосема поинакво. Потребно ви е време да научите повторно да живеете со себе“.

Сепак, таа се опишува себеси како безнадежен романтичар.

„Вистина е дека на сите им е потребна љубов во некоја форма. Пробав дури и дружење преку Интернет. Многу луѓе ме „искулираа“. Дури еднаш отидов на состанок, а во времето кога требаше да се сретнеме, момчето само ми рече дека на крајот не доаѓа“, искрена е таа.

Инаку, актерката првпат се омажи во 1994 година со сопственик на бар, Џереми Томас. Тие се разведоа само два месеци подоцна. Потоа, во 2001 година, таа се омажи за комичарот Том Грин, а бракот траеше пет месеци. Во 2012 година се омажи за Вил Копелман со кого ги има ќерките Олива и Френки.

Двојката се разведе четири години подоцна.

Слични содржини