„Ријана и Асап Роки раскинаа. Ријана го остави откако го фати како ја изневерува со дизајнерката на чевли Амина Муади“ – се зборовите кои на Твитер ги напиша модниот инфлуенсер и новинар Луис Писано.
Со ова ги разбесни сите фанови на пејачката, а веќе вчера објави текст во кој се извинува и на неа и на нејзиниот партнер.
Имено, тој признал дека згрешил и направил непотребна драма.
– Синоќа донесов глупава одлука да твитам некои информации што ги добив. Нема да зборувам за изворите, ниту да обвинувам други за дебатата што беше покрената итн. На крајот на денот сам донесов одлука да го напишам – објави тој и продолжи:
-Сакам да им се извинам на сите страни што ги запознав со ова со моите постапки и непромислени твитови. Немам оправдување. Се извинувам за непотребната драма, пишува Писано.
Малку порано и дизајнерката на чевли се огласи, која, наводно, е жената со која раперот ја изневерувал бремената Ријана. Таа ги отфрли сите обвиненија.
Извор близок до парот за американските медиуми изјавил дека тврдењата за раскинување се невистинити, а ниту Ријана ниту Асап не се огласиле досега.