По убиството на двајца Израелци, запалени куќи на Западниот Брег

од Radmila Tasevska
148 прегледи

Вооружен Палестинец вчера уби двајца Израелци на окупираниот Западен Брег, што поттикна напади од израелски доселеници врз палестински домови и автомобили во кои загина Палестинец, соопштија официјални лица.

Сè уште никој не ја презел одговорноста за нападот, кој се случи кога израелските и палестинските безбедносни претставници се состанаа во Јордан за да разговараат за намалување на тензиите.

По престрелката во која беа убиени двајцата браќа, Израелците ги нападнаа палестинските куќи

Израелската армија соопшти дека напаѓачот стигнал до раскрсницата „и отворил оган врз израелското возило“. Портпаролот на населбата изјави дека се убиени двајца браќа од населбата Хар Браха, оддалечена осум километри.

По пукањето, Палестинците објавија дека Израелците од блиската населба ги нападнале палестинските куќи во областа. Гасан Даглас, официјален претставник задолжен за активностите против населувањето, рече дека неколку палестински куќи и 15 автомобили биле запалени.

Израелски доселеник уби 37-годишен Палестинец, соопштија палестинските власти.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека ја смета израелската влада целосно одговорна за нападите.

Слични содржини