По убиството на Рено им се забранува влезот на новинари во Ирпин

од Маја Анчевска
362 прегледи

Новинарите повеќе нема да можат да влезат во украинскиот град Ирпин во регионот на Киев, најави денеска градоначалникот Олександар Маркушин. Тоа го кажа откако беше објавено дека во Ирпин е убиен американскиот новинар Брент Рено.

„Од денеска им забрануваме на новинарите да влезат во Ирпин. „Сакаме да ги спасиме животите и на нив и на нашите бранители“, рече Маркушин на Телеграма, а пренесе Би-би-си.

Тој ги повика новинарите и украинските цивили да не објавуваат информации на Интернет за воениот персонал, нивната опрема или нешто што може да укаже на нивната локација.

Инаку, новинарот Рено  денеска загина  во близина на Ирпин.

Слични содржини