По веста дека Меган е бремена, се огласи и Бакингемската палата

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари и Меган Маркл на Денот на вљубените објавија дека го очекуваат своето второ дете, а сега по тој повод се огласи и Бакингемската палата.

Претставниците на кралското семејство изјавија дека семејството е воодушевено од веста.

„Нејзиното височество, војводата од Единбург, принцот од Велс и целото семејство се воодушевени и им посакуваат сè најдобро“, се вели во соопштението.

Токму на Денот на вљубените пред 37 години, Бакингемската палата објави дека принцезата Дајана е бремена со своето второ дете.

Слични содржини