По внимателно разгледување, Путин и Лукашенко постигнаа важен договор

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

На вториот ден од состанокот во Сочи, претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко разговараа за летовите на белоруската авиокомпанија „Белавија“ и рускиот кредит, објави каналот на белорускиот претседател на Телеграм.

– Конечно е решено прашањето за трансфер на втората транша од државниот кредит. Постигнат е договор за отворање нови летови на компанијата „Белавија“ за руските градови – се наведува во соопштението на Телеграм.

На Телеграм беше објавена и фотографија од Путин и Лукашенко во неформален разговор.

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, ја продолжија својата средба во Сочи во саботата, каде што пристигна белорускиот лидер во петокот, изјави претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Двајцата лидери се состанаа во петокот и разговараа за актуелните прашања повеќе од пет часа, вклучувајќи ја и ситуацијата околу слетувањето на авионот на „Рајан Ер“, кој леташе кон Вилнус од Атина. Лукашенко изјави дека му донел документи на Путин кои ќе покажат што навистина се случува во Белорусија.

Слични содржини