164
Додека бранот на заминувања од западните производители на автомобили ја намалува понудата за руските потрошувачи, кинеските производители на автомобили се обидуваат да ја пополнат празнината и да ги убедат Русите да ги прифатат кинеските брендови.
Податоците од аналитичката агенција Autostat и консултантската компанија PPK покажуваат дека кинеските брендови како Хавал, Чери и Гили сега учествуваат со близу 40 отсто од продажбата на нови автомобили во Русија, во споредба со помалку од 10 отсто во периодот јануари-февруари 2022 година, објави Ројтерс.
Тој голем скок во продажбата на кинески автомобили се совпадна со излегувањето на компании како Рено, Нисан и Мерцедес од Русија.