Победа за Вардар во Нашице: Дибиров го има голот на мечот! (видео)

од Берта Китинска

Тимур Дибиров беше непогрешлив на гостувањето кај Нексе, во триумфот на Вардар од 31-30 во првата четвртфинална пресметка постигна 12 погодоци од исто толку обиди.

Неговите голови, но и асистенција во последните моменти беа одлучувачки и најзаслужни за конечната победа. Одбраната си го направи своето и заигра значително подобро за да ги спречи противничките напади.По една ваква партија немаше дилеми околу тоа кој ќе го има голот на натпреварот во Нашице.

Уживајте во едно од неговите ремек-дела.

 

Слични содржини