148
Победата на Украина во војната со Русија зависи од соработката со Европската унија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски пред министрите за надворешни работи на ЕУ, кои денеска се собраа на состанокот во Киев.
Зеленски ја подвлече важноста на „одбранбената поддршка за Украина“ откако американскиот Конгрес одби да одобри буџетски средства за воена помош за Украина, а на изборите во Словачка победи партија чиј лидер рече дека ќе ја прекине воената помош за Украина, пренесува Ројтерс.
Украина, која во голема мера се потпира на западната воена помош во војната со Русија од февруари 2022 година, се надева дека ќе исполни голем број критериуми за да се приклучи на блокот на ЕУ.